Најпримамлив во летните горештини за љубовните парови е секако сексот во вода. Постојат повеќе начини и места каде што љубовниците можат да го доживеат ова задоволство, но дали е навистина толку добар, посебно од здравствени причини просудете сами, а водата ја мие природната влажност на вагината, па секогаш се препорачува употреба на лубрикант.
За информација, овој вид на секс е многу ризичен, поради ширењето на болестите кои водата не ги спречува, бременоста, а многу често се случува да пукне и презервативот.
Бактериите кои се наоѓаат во морето, или езерата, хемикалиите во базенот или џакузито за време на сексуалниот однос може да предизвикаат инфекција и иритација во интимните областа на жените.
Хлорот може да ја наруши природната „pH“ на вагината што води до габични инфекции. Исто така бактериите и амебите од морето и езерата се ризик фактори за развој на инфекции на уринарниот тракт. Сексот во када или туш, звучи примамливо, но во овој случај неопходно е да се користи лубрикант.
Тушот носи многу ризици од повреди поради претесниот простор или лизгавиот под. Модерните кади, се доволно големи за две лица, подобар избор за секси игри, особено за предигра и сензуална масажа, но гелот и пената за капење и можат да предизвикат иритација. Препорачливо е да се користи само лубрикант и гел за туширање базиран на маслиново масло.