Седум утрински навики поради кои се дебелееме

Од:

Една позната изрека вели дека „денот по утрото се познава“, а порталот „Брајтсајд“ додава – особено кога се работи за храната и лошите навики кои дебелеат. Во прилог следат седум најчести навики што треба да се избегнуваат.

1. Не јадете доволно за појадок

Научниците од Универзитетот на Тел Авив докажаа дека обилниот појадок, полесна вечера, повеќе помали оброци во денот и бавно јадење се вистинска комбинација кога станува збор за одржување на тежината.

2. Не минувате доволно време на сонце

Светлината на сонцето помага во согорувањето калории и бели масти. Истражувачите од Универзитетот Алберт во Едмонтон, Канада, спровеле експеримент и покажале дека количината на липиди се намалува кога е изложена на сончева светлина. Ова е една од причините зошто побргу се дебелееме во зима, кога има помалку дневна светлина.

3. Не заборавајте да испиете чаша вода по будењето!

Телото на возрасен човек се состои од 55 до 60 отсто вода. Затоа, една чаша откако ќе станеме, го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од акумулација на масти. Покрај тоа, водата му помага на телото да се ослободи од токсините.

4. Не вежбајте премногу наутро

Во прилог на очигледните придобивки како што се трошењето калории и забрзувањето на метаболизмот, утринската вежба не може да ви помогне да го намалите вашиот апетит преку денот, смета професорката Ема Стивенсон и д-р Хавиер Гонзалес. Според нив, луѓето кои вежбаат наутро, не јадат помалку.

5. Слатко јадење за појадок, ручек или вечера

Ако не можете да одолеете на слатко, јадете го наутро, се наведува во истражувањето на Универзитетот на Тел Авив.

6. Не читајте весници наутро

Стресот и нервозата предизвикани од негативни вести може да имаат негативен ефект врз вашето здравје, особено ако сте чувствителни н тие работи. Стресот води до акумулација на телесните масти во телото. Според професорката по хемија и биологија на Факултетот за медицина при Универзитетот Стенфорд, Мери Тервел, стресот предизвикува лачење хормони кои му помагаат на телото да се прилагоди на него. Ако стресот е краткорочен, новите масни клетки не се формираат, но ако стресот е хроничен, се активира механизмот за „складирање калории”.

7. Ја потценувате важноста на нашето домашно милениче

Кучето може да биде одлична придружба додека работите, а со мачка, јогата или истегнувањето може да бидат уште позабавни. Тие се одлична замена за дневната доза колачиња и чоколада кога сме напнати.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска