Седум навики на продуктивните луѓе

Од:

Како да бидете попродуктивни? Тоа е она што сите би сакале да го дознаеме, нели? Посебно не ни е јасно како некој од нашите колеги на работа успеваат да стигнат се со таква леснотија и брзина, додека од нас како некој да ја исцедил целата енергија?

На секое работно место има луѓе кои стигаат да завршат се и полни се со елан и добро расположение: секогаш на време ги завршуваат своите задачи, никогаш не забораваат на обврските, ги отпочнуваат и ги завршуваат проектите и покрај се, успеваат да стасаат и во теретана секој ден.

Иако сакаме да ги мразиме од дистанца, баш затоа што се успешни во се, потајно посакуваме да бидеме како нив – сакаме да ги откриеме нивните тајни на нивната продуктивност. Како им успева?

Тие работат на приоритетите над приоритетите!

За продуктивните луѓе суштината не е во задачата, туку во неговата важност. Тие добро знаат да ги распоредат своите приоритети така што задачите што се најважни и имаат најкраток рок, секогаш се на врвот на листата. Се друго може да причека. За луѓето што константно ги одложуваат своите обврски, обично се случува обратна ситуација – така што кога имаат некоја многу важна задача наеднаш пронаоѓаат три други, што во тој миг не се важни, а кои тие би ги направиле, само за да го одложат вистинскиот приоритет!

Тие немаат само цели, туку и рокови!

Целта без рок е како рецепт без состојки. Добро е да се направат приоритети, но ако немате врамено време, кога треба да ги завршите нема да бидете премногу продуктивни околу нив.

Поставуваат граници

Продуктивните луѓе не инсистираат на перфекционизам и знаат дека понекогаш нештата нема да бидат такви како што тие ги замислиле – и тоа е сосема во ред! Тие поставуваат временски и објективни граници во рамки на кои работат и до кои се држат. Ако во меѓувреме наидат на „проблеми“ и препреки на патот, тоа нема да ги спречи во нивната продуктивност.

Тие ја конторлираат технологијата, а не таа нив!

Продуктивните луѓе знаат дека е контрапродуктивно да се биде роб на технологијата. За нив социјалните мрежи се „крадци“ на времето и имаат голема сила и волја да отстапат од се што ги одвлекува од нивната крајна цел.

Стратешки планираат кога ќе земат пауза

Поголем број продуктивни луѓе мудро земаат кратки паузи од 3 до 5 минути на секои час и половина. На тој начин не се дефокусираат и стигнуваат да го одморат мозокот, па со „полна пареа“ да им се вратат на работните задачи.

Мултитаскингот за нив не е опција

Продуктивните луѓе се фокусираат исклучиво на едно нешто и не преминуваат на дргите додека не ја завршат претходната. На тој начин се осеќаат моќно и успешно, затоа што се чувствуваат задоволни од исполнетите задачи.

Спиењето им е најважен приоритет!

Недостатокот на сон е гаранција за лоша продуктивност! Ако спиете помалку од 7 часа дневно, ќе функционирате побавно, телото ќе ви биде поуморно, а фокусот послаб. Токму затоа, продуктивните луѓе често го организираат своето време врз основа на спиењето, тие знаат точно кога е време да си легнат, а кога треба да се разбудат!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ