Седум клучни факти во врска со симболот на женственоста

Од:

Колку подобро го познавате своето тело, толку повеќе ќе ја имате потребната самодоверба, а познавањата на вашите интимни точки, ќе ви овозможат повеќе да уживате во сексуалните задоволства. Ако не сте сосема сигурни дека добро ја познавате вашата вагина, повелете еден мал водич во седум чекори.

Точната локација

Можеби ќе се изненадите, но многу жени не ја познаваат својата најинтимна област и што се таа опфаќа. Тие веруваат дека вагината се наоѓа некаде под половината, помеѓу двете нозе. Нејзин дел е вулвата (малите и големите срамни усни, клиторис, големите и мали лојни и потни жлезди), а самата вагина е прелазот помеѓу вулвата и долниот дел на матката.

Секоја жена е посебна приказна

Иако секоја жена може да се пофали со истите делови од телото, интимните „области“ не се сосема исти кај сите. Во внатрешноста на вагината обично се е исто, но надворешните делови во областа на вулвата може да варираат. Така, на пример, малите и големите срамни усни се различни по големина, должина, па дури и бои.

Чувствителност

Ако не сте знаеле, вагината не е толку кревка како што мислите. Вистински пример за ова е раѓањето, кога при донесувањето на детето на овој свет таа се шири седум до десет сантиметри. Значи, иако чувствувате потреба дека со неа треба да се постапува нежно и внимателно, таа е сепак здрав и силен дел од телото.

Неопходно и е вежбање

Ако се грижите за своето здравје и тело вие сигурно сте активни и многу често вежбате. Истото треба да го правите и за вашата интимна точка. Обидите се со т.н. „Кегел“ вежбите, именувани според гинекологот Арнолд Кегел кој ги откри. Со нив најизменично ги стегате и опуштате мускулите околу вагината при што помагаат во одржувањето на нејзината чистота, Со нив се зајакнува карлицата, најдобри се при лекувањето на инконтиненцијата, како и за обновување и тонусот на мускулите после породувањето.

Што се крие во внатрешноста

Дали сте знаеле дека во внатрешноста на вагината има и мали „фалти“ слични на оние од обичните завеси? Кога, на пример ставате тампон, овие „брчки“ се шират за да се прилагодат на потребниот предмет. Истиот процес се случува и во текот на пенетрацијата.

Создадена е за задоволство

Сексот помага да се ослободите од стресот, да се чувствувате сакани, да се поврзете со вашиот партнер и да уживате. Клиторисот е еден од двата органи во телото на жената кој има само една функција – за задоволство и уживање со партнерот.

Чистотата на прво место

Често пати многу жени имаат впечаток дека најинтимната точка на нивното тело многу лесно може да се „извалка“, а непријатниот мирис за време на сексот ги вади од такт. Но, сепак не е потребна таквата грижа доколку се има заштитен секс со презерватив и не се менуваат често патрнерите. Вагината има систем на самопрочистување и навистина не се потребни никакви посебни „мерки“ за нејзино одржување во тој поглед. Природниот механизам за само-чистење многу добро се грижи за неа.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он