Седум интересни факти за сладоледот

Од:

Сладоледот е омилен десерт во топлите летни денови. Но сигурно малкумина знаат интересни факти за овој омилен студен десерт.

1. Кекс корнетот е направен во 1904 година и претставен на Светскиот саем во Сент Луис. Кога на продавачот на сладолед му се потрошиле хартиените чинии, трговецот, Аду Димар му предложил десертот да го послужи во замотани вафли кои се продавале на штандот близу до него.

2. Првиот познат рецепт за сладолед е запишан во книгата за рецепти на леди Ен Фаншо во 1665 година и имал вкус на цвет од портокал, цвет на мускатно оревче и амбергрис – специјална материја која ја излачуваат китови.

3. Сладоледот од чоколадо е направен многу пред сладоледот од ванила, а првпат е забележат во книгата „Lo scalco alla moderna“ која е објавена во Италија во 1692 година.

4. Сладоделот од ванила денес е еден од вообичаените, но некогаш беше многу редок и егзотичен. Производството на ванила за сладоледи е усовршено дури во средината на 19-от век.

5. Силна ненадејна главоболка која може да се јави кога јадеме сладолед настанува од наглото ладење на нервните завршетоци на непцата кои сигнализираат на мозокот дека телото ја губи топлината.

6. Професионалните фотографи кои фотографираат храна често користат разни варијанти на пире од компир за да го прикажат сладоледот.

7. Професионалните дегустатори на сладолед овој десерт го пробуваат со специјална златна лажичка која им овозможува да го почуствуваат вистинскиот вкус на сладоледот.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ