Научниците од Израел во своето најново истражување потврдија дека седењето предизвикува дури 50% повеќе масни наслаги во пределот на задникот.
Во својот проект научниците набљудувале две групи на луѓе:
Првата група биле луѓе кои поради повреда можеле само да седат или лежат, при нивното набљудување научниците дошле до заклучок дека масните наслаги на нивниот задник двојно се зголемиле со текот на времето.
Втората група биле луѓе кои работат во канцеларија и чие работно место опфаќа голем период на седење, исто така научниците ги добиле истите резултати, нивните задници со текот на времето се зголемувале.
Научниците по презентирањето на резултатите велат дека луѓето кои што предолго седат треба почесто да стануваат од столот доколку сакаат да го избегнат наталожувањето на масно ткиво и зголемувањето на задникот.