Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

Од:

„Фолксваген“ официјално му стави крај на производството на седанот „Пасат“. Германската компанија одлучи повеќе да не го произведува ова возило со четири врати во Европа, а меѓу причините за таа одлука е подобрата продажба на караван-верзијата и производството на слично позиционираниот „Артеон“.

Информациите за „пензионирањето“ на „Пасат“ во Европа кружат од 2020 година, и неговиот крај се очекуваше во 2023 година, но „Фолксваген“ одлучи да го направи тоа порано. И во САД, исто така, постојната „ограничена серија“ на „Пасат“ го означува крајот на производството на овој седан и за американскиот пазар.

Сѐ ова е резултат и на најавата на моделот „Фолксваген аеро Б“ – целосно електричен седан во развој. Иако концептот беше претставен како караван, според познавачите, електромобилот се очекува и во облик на лимузина.

Името „Aeрo Б“ , веројатно, ќе биде променето, бидејќи „Фолксваген“ би можел да го продолжи трендот со електромобили. Новото возило ќе биде претставено кон крајот на оваа или почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски

Натпреварувач на НАСКАР трките: Не настапувам повеќе бидејќи го забрануваат знамето на Конфедерацијата

А1он