Се шири нова болест од која секој втор заболен умира!

Од:

Новата респираторна болест, чии симптоми наликуваат на смртоносниот САРС, почна да се шири низ светот.

До сега се забележани 10 случаи на заболување, а 5 лица ги загубија битките со оваа болест, пренесе Б92.

Во Велика Британија вчера бил забележан нов случај од новата респираторна болест од која до сега во светот се разболеле вкупно 10 лица, од кои 5 не преживеале.

Три од петте смртни случаи биле лечени во Саудиска Арабија, а два во Јордан. Се работи за вирус кој обично се пренесува преку кашлица и кивавица, а новиот вирус засега го носи името “Novel Coronavirus 2012”.

Лекарите ги повикуваат сите Британци со тешки респираторни проблеми, како отежнато дишење, температура и кашлица, кои од неодамна се вратиле од арапскиот полуостров, да побараат лекарска помош.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

АХВ: Одгледувачите на свињи да преземат мерки за заштита од африканска свинска чума