Се промени здравствената состојба на Кејт Мидлтон: Нејзин пријател откри како сега се бори со ракот

Од:

Пријател на Кејт Мидлтон изјави за Vanity Fair дека принцезата од Велс достигнала пресвртница и се опоравува од ракот. Тој додава дека тоа е големо олеснување бидејќи телото на Кејт го прифаќа лекот и таа се чувствува многу подобро.

Таа истакнува дека нејзината битка за здравје е „многу тешка и загрижувачка“ за кралското семејство, но тие и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, „се собраа околу неа“.

Да потсетиме, принцезата во март годинава објави дека и е дијагностициран рак и дека оди на хемотерапија. Таа не откри за каков вид на рак се работи, но сподели видео порака дека болеста е во „рана фаза“. Последен пат таа беше видена во јавноста во декември 2023 година на Божиќната миса. После тоа, палатата објави дека е подложена на планирана операција на абдоменот. Тримесечното отсуство на принцезата од очите на јавноста ги загрижи фановите и поттикна голем број теории на заговор за нејзиното здравје, а потоа и дојде крајот на приказните кога таа проговори преку видео во март.

Неодамна извор сподели со странските медиуми дека Кејт нема ништо во календарот до крајот на годината кога се во прашање обврските.

„Клучната работа за неа сега е да избегне каков било стрес или вознемиреност и да се обиде да се подобри“, изјави тој за Дејли Бист, додавајќи дека летото ќе го помине со семејството на село.

Би можело да ве интересира

Кејт Мидлтон откри дека е во ремисија на ракот

Горан Наумовски

Кејт Мидлтон им се враќа на обврските – го дочека катарскиот емир и неговата сопруга

А1он

Кејт Мидлтон испрати божиќно писмо – „Љубовта е најголемиот подарок“

А1он

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он

Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од студентските денови

А1он