Извор близок до истрагата покрената поради синоќешното брутално претепување на српската старлета Наташа Шавија потврди дека Стефан Кариќ е осомничен за тоа дело, објавија српските медиуми.
– Полицијата интензивно трага по Стефан Кариќ, кој е осомничен дека синоќа ја нападнал Наташа Шавија во етно селото Врдничка кула и и нанел тешки телесни повреди, а потоа побегнал од местото каде што се случил инцидентот, објавија медиумите во Србија.
Порталот Pink.rs објави вознемирувачка фотографија од претепаната старлета.