Бидејќи и се смачило да бара совршен маж, фотографката Грејс Гелдер самата себе си предложи брак, на клупа во парк, а потоа организира свадба за 50 гости и стана прва личност во Велика Британија која е во соло брак.
Како што тврди самата, немала никој во нејзиниот живот веќе шест години, а за тоа време единствна личност која секогаш била тука за неа и со која остварувала супер однос е самата таа.
Едноставно, во самата себе ја пронајде личноста со која ќе биде до крајот на нејзиниот живот. Инспирација добила од исландската пејачка Бјорк и нејзината песна „Исобел“, која зборува за девојка која се омажила самата за себе.
Грејс одбрала венчаница, прстен, напишала завет и се венчала во селска куќа во руралниот дел на Девон, а на венчавката присуствувале нејзината сестра и пријателите.