Се огласи демначката по која е снимана серијата: „Тој е лажго и психијатриски случај“

Од:

Серијата „Baby Reindeer“ на Нетфликс го спобуделае светот поради интригантната приказна за демначката и момче, која се базира на вистински настан.

Во познатото шоу со Пирс Морган гостуваше жена по име Фиона Харви, која служеше како инспирација за ликот на демнначката Марта Стјуарт во сега веќе светски познатата серија.

Фиона Харви ги демантираше тврдењата во емисијата на Пирс Морган дека навистина го познава Ричард Гад, кој е и режисер и главен актер на оваа серија.

Имено, таа изјавила дека се сретнале само два-три пати, но кажа и дека актерот е всушност психијатриски случај, дека е психопат кој заработува од лаги.

“Добивам закани поради него, за тој да заработува милиони. Тој е психотичен, мрази жени. Генерално мислам дека има проблеми, неговата серија е фикција. Само две работи се вистинити – неговото име е Ричард Гад и работеше како шанкер кога го запознав. Се видовме два-три пати“.

@piersmorganuncensored #FionaHarvey tells #PiersMorgan she has a lawyer boyfriend #Realmartha ♬ original sound – piersmorganuncensored

Харви откри дека решила да се огласи откако обожавателите на серијата на Нетфликс го откриле нејзиниот идентитет.

За време на интервјуто, Фиона Харви негира дека некогаш била во неговата куќа, или дека имала контакт со родителите на актерот. Таа тврди и дека не праќала „илјадници пораки и мејлови“.

Фановите на серијата ме најдоа на Интернет, ми се заканија со смрт. Не е мој избор да бидам овде, принудена сум да се изјаснам“.

На прашањето на водителката за името на серијата „Baby raindeer“, дека тоа е прекар што му го дала, таа одговорила дека е вистина. „Имав играчка, а тој имаше избричена глава, имаше ирваси во продавницата… тој дел е вистина. Го кажав тоа на шега“.

На прашањето на водителот дали е вистина дека му испратила 41.000 мејлови, Фиона рече дека тоа е „апсолутна лага“ и дека му испратила само „десетина мејлови“ и „околу 18 твитови“.

Би можело да ве интересира

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Промената во врска со една од најпопуларните серии на Нетфликс предизвика големо незадоволство

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Катерина Ѓуровски

Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Предраг Петровиќ

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ