Во Штип, од 10 до 13 октомври, ќе се одржи 8. Саем на мед, истовремено со традиционалните „Макфест“ и „Пастрамајлијада“.
– Штандовите ќе бидат поставени во населбата „8-ми Ноември“ каде што ќе се одржува „Пастрамајлијадата“. Учество засега најавија 22 пчелара, од Берово, Скопје, Битола, Куманово, Виница, Кочани и Штип, но до почетокот на фестивалот очекуваме бројката да се зголеми, изјави претседателот на Здружението на пчелари Велибор Павловски.
Според него, и оваа година има високо квалитетен мед од целата земја.