Надежда Андреевна Толоконикова, членка на бендот „Пуси Рајот“ има пореметување на личноста, зашто е тврдоглава и инсистира на сопствено мислење, е заклучокот на руските судски вештаци.
Ова вештачење кое многумина го оценуваат како скандалозно, му даде тежина на обвинението и придонесе трите членки да бидат прогласени за виновни поради тоа што имаа перформанс во московската црква каде што ја изведоа „панк молитвата“ против рускиот претседател Владимир Путин.
Стручните лица закличиле дека Толоконикова има активен став кон животот, дека носи одлуки по сопствено мислење , дека има самодоверба и силна потреба да го искаже својот став.
Сето тоа ги наведе психијатрите да заклучат дека таа има пореметување на личноста пропратено со симпптоми како што се инсистирање на сопствено мислење и појава на одредени облици на спротивставување.
Петнаесет минути откако судијата го исчита извештајот на судскиот психијатар, ја изрече и пресудата, додека девојките од „Пуси Рајот“ затворени во кафез од плексиглас само се насмеаја.