Руски милијардер потроши два милиони фунти за само три часа

Од:

Неименуван руски милијардер направи сметка од два милиони фунти за само три часа во вторникот навечер, на посебен настан за богати во приватниот клуб во лондонски Мејфеар.

Русинот ги потроши парите за шампањско и накит иако дури 20.000 фунти од шампањското Luxor е ставено на сметка на „куќата“. И покрај тоа, мистериозниот богаташ на крај на вечерта плати неверојатни 2.042.520 фунти.

Во тој износ е вклучена и скапоцен дијамантски гердан Asscher, кој чини 980.000 фунти и три белегзии и обетки, во вкупна вредност од 721.600 фунти.

Откако ги потршил парите за накит, на милијардерот му останало да плати и неверојатни 340.420 фунти данок, пишува „Дејли Мејл“.

Освен богаташот на настанот имало и убавици кои го носеле скапоцениот накит, а еден од сведоците на собирот рече:

– Во просторијата се наоѓаа околу 40 најбогати луѓе во Лондон, но големо е изненадувањето дека еден од нив потроши повеќе од два милиони фунти за помалку од три часа. Тоа беше еден од најлуксузните настани на кои сум бил, сите гости беа милијардери, не милионери или мултимилионери. Таму беше најбогатата лондонска елита, арапското кралско семејство, Руси и многу богати Европејци. Имаше телохранители колку и гости. Моделите се шетаа околу масите со накит на себе и кога алкохолот почна да тече беше само прашање на време кога некој ќе ја достигне сумата од седум цифри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ