Русин трчал седум километри на минус 40 степени откако паднал од воз

Од:

Четириесет и двегодишен Русин буквално трчал за да си го спаси животот седум километри на температура од минус 40 степени, откако паднал од воз на рускиот Далечен исток.

На себе носел само маица со куси ракави, куси панталони и влечки.

Човекот изјавил дека имал намера само да испуши цигара во место во возот предвидено за пушачи. Откако сакал да се врати назад во купето, тој навел дека промашил една врата и отворил друга, која водела кон излезот, но не била заклучена.

Неколку моменти подоцна паднал од возот во руска тајга на Далечниот исток.

Патникот почнал да трча по возот, но не успеал да го стигне. На следната станица која била седум километри подалеку од местото на инцидентот, на човекот му била пружена помош.

Крајната дестинација на возот била на 150 километри од местото на инцидентот.

Полицијата врши истрага што всушност се случило, и дали одговорните во возот поради немарност заборавиле да ја заклуча вратата која водела кон излезот.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети