Руперт Мардок: Топлес моделите во Сан се застарена работа

Од:

Медиумискиот тајкун Руперт Мардок, сопственик на компанијата „Њуз Корпорејшн“ изјави дека објавувањето на слики на топлес модели,на третата страница на британскиот весник „Сан“ се веќе „застарена работа“.

– Убавите млади жени се поатрактивни кога се облечени во некоја модерна облека, пишува Мардок на својата страница на Твитер,забележувајќи дека женските модели со разголени гради,би требало да се облечат.

Првиот човек на „Њуз Корпорејшен“ која е сопственик на британската компанијата што го поседува „Сан“ сепак, признава дека мнозинството од читателите на овој весник не се согласуваат со неговиот став.

„Сан“ е најтиражниот дневен весник во Велика Британија, со дневен тираж од над два милиони примероци.

Објавувањето голема фотографија на млади и атрактивни жени со разголени гради,ја воведе Мардок, откако го купи весникот и таа „традиција“ на овој лондонски таблоид се одржува од 1970 година.

Критичарите на Мардок и на неговата новинска империја на британскиот пазар на вести,ја искористија оваа прилика за да реагираат со потсетување дека тие веќе водат кампања против „разголените девојки“ на третатат страница од весникот и дека тоа го почнале пред тој да почне да го менува своето мислење.

Аргументите на оваа кампања,што почна пред две години и во која се вклучени левичарските синдикати,како и разни учителски и женски асоцијации,се дека секојдневното прикажување на разголени жени во весникот,ја третира жената како „сексуален објект“.

Претставник на редакцијата на „Сан“ во денешната реакција,директно не ги коментираше (новите) ставови на нивниот газда,Руперт Мардок,но изјави дека весникот ќе продолжи да прави издание “какво што бараат неговите читатели“.

Во август минатата година,ирското издание на „Сан“ ја измени својата трета страница,прекинувајќи со објавувањето разголени млади девојки.Во објаснувањето што го даде тогаш главниот уредник,рече дека ваквото решение било донесено поради „културните разлики“ меѓу Ирска и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ