Рубинот „Зора“ продаден за рекордни 28,3 милиони швајцарски франци

Од:

Прстенот од рубин кој потекнува од Мјанмар е продаден во Женева за рекордни 28,3 милиони швајцарски франци, со што стана најскапиот рубин продаден на наддавање кога и да е, објави аукциската куќа Sotheby’s.

Рубинот наречен „Зора“ има 25.59 карати и се наоѓа вграден во прстен кој е изработен од познатата француска фирма за скапоцености „Cartier“,

„Бурманските рубини од оваа големина и боја се извонредно ретки“, објави шефот на одделот за скапоцености на Sotheby’s., Дејвид Бенет пред надавањето.

„Каменот оживува како да е осветлен однатре“, додаде.

Споменатиот прстен претходно беше проценет на 11,7 до 17,5 милиони франци.

На истата аукција е продаден и прстенот со розов дијамант од 8,72 карата за 14,8 милиони швајцарски франци. Тој ѝ припаѓаше на американската наследничка и филантроп Хјуџет Кларк, којашто почина во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ