„Рози за Тоше“ – пречек на маратонците во среда

Од:

На 16-ти октомври во 11:30 часот Крушево ќе ги пречека учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на Тоше Проески.

Организаторот СОУ Наум Наумовски Борче со поддршка на општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набавија рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Би можело да ве интересира

Во Крушево одбележан 44-тиот роденден на Тоше Проески, за две години и филм и документарна серија за Тоше

А1он

Објава на сестрата на Тоше Проески за неговиот роденден

А1он

Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

А1он

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Седумнаесет години без Тоше Проески

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески