Кристијано Роналдо е кум на венчавката на најмоќниот менаџер во фудбалот, Хорхе Мендеш кој се жени со својата долгогодишна партнерка Сандра Барбоса. Според медиумите во Португалија, Роналдо на брачниот пар како поклон им купил остров во Грција за кој платил сума од 50 милиони евра.
Црквената церемонија е закажано во Порто, во црквата Жао Батиста, а приемот во просториите на фондацијата Серевалес, во еден од најпрестижните музеи во Португалија.
На свадбата се поканети над 300 гости, од кои најмногу се фудбалери и луѓе од светот на фудбалот.