Американскиот крал на порното Рон Џереми, кој има спиено со повеќе од 4.000 жени одлучил да ги посоветува жените за тоа што најмногу сакаат мажите.
61-годишниот актер нагласува дека жените никогаш пред својот партнер не треба да споменуваат друг маж.
– Ако забележам дека жената се допишува со друг маж додека е со мене или ако видам машки парфем во нејзиниот толает тоа навистина ме одбива. Ако нешто им пречи на мажите тоа е споменувањето на некој друг маж – вели порно-легендата.
Тој додава дека жената или девојката која е добра во кревет тоа не го истакнува јавно. Според него фалбите се компензација за недостатоците.
– Повлечените и скромни жени се многу попривлечни за мажите од агресивните и упорните жени кои на секој начин се обидуваат да се истакнат – вели Џереми и додава дека жените секогаш треба да обрнуваат внимание на тоа што сака нивниот партнер.
Џереми вели дека мажите се покорни и сакаат кога жената е доминантна а некои пак не го сакаат тоа. Сепак тој смета дека девојките треба да обрнат внимание на тоа што пали кај нивниот партнер, и кои се работите кои му се допаѓаат или пак не му се допаѓаат.
– Сака да му ги допирате брадавиците? Јас не го сакам тоа но на некои мажи тоа им се допаѓа – вели Рон.Порно-актерот порачува сексот да биде природен, а како што наведува тој, тоа важи и за реалниот живот и за неговите филмови.
– Не коментирајте во кревет за време на сексот и дишете природно. Ако жената во текот на сексот форсира некакви изрази на лицето тоа е очигледно.