Родено првото бебе од трансплантирана матка од почината жена

Од:

Бразилка родена без матка, стана првата жена во светот што родила здраво женско дете од трансплантирана матка, донирана од почината жена.

Ова е прв ваков случај во светот, истакнуваат научниците, додавајќи дека ова е пресвртница и надеж за сите оние жени и брачни двојки кои се борат со неплодноста.

Мајката на бебето е 32-годишна жена од Сао Паоло, која побарала да остане анонимна. Таа поради ретко генетско нарушување е родена без матка, а донорот е 45-годишна жена која во 2016 година починала од излив во мозокот. Хируршкиот зафат траел 11 часа.

Седум месеци по трансплантацијата, на жената ѝ се имплантирани осум оплодени јајце-клетки. Девојчето е родено со царски рез во 35. недела и било тешко 2.550 грама.

Слични хируршки процедури веќе се применуваат во Шведска и САД. Но, досега тоа секогаш бил жив донатор, и сите претходни зафати биле неуспешни.

Би можело да ве интересира

Девојче е првото бебе во Куманово

„Зедовме дома погрешно бебе, а дознавме пет години подоцна“

А1он

Тело на бебе е пронајдено во канта, осомничена е мајката, велат австриските истражители

Бебе паднало од четврти кат, животот му го спасил случаен минувач

А1он

Од сепса починало бебе на Детската клиника во Скопје

А1он

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев