Римски карневал за љубителите на коњи

Од:

Римскиот карневал е возобновен пред  пет години, а  лани на овој јавачки спектакл присуствуваа повеќе од 800.000 лица.

Годинешнава прослава, што се оддржува од 2 до 12 февруари, треба да биде, ако не подобра, тогаш барем подеднакво добра како и претходната, највија организаторите.

Иако Римскиот карневал е релативно нова манифестација, сосема е единствен во однос на другите масовни фестивали низ светот.

Во Рим уште од 15 век се оддржувале трки долж Виа дел Корсо, во рамки на истоимениот карневал, но низ вековите на славење се случувале и трагедии, каква што била таа во 1874 година, кога погинал едан гледач. Кралот Виктор Емануел II ги забранил трките и Римскиот карневал бил речиси заборавен.

Од пред пет години, сепак, секој февруар, почнува парадата со повеќе од 100 коњи, вклучувајќи ги и светски познатите липицанери. Јавачките вратоломии се оддржаа од 3 до 7 февруари, од 18 часот, на Пиаца дел Пополо, кога дури се испроба и воената кавалерија.

Годинешниот карневал, сепак, не е поврзан само со коњите. Во текот на 11-дневниот фестивал, уличните изведувачи,од жонглери до играчи на жица, ќе ја забавуваат публиката на Пиаца Навона. Навечер кај пристаништето Порта дел Пополо ќе има мултимедијални претстави. Големото финале е на ридот Пинциан на 12 февруара, во 15,30 часот, кога ќе биде организиран и огномет.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ