Популарниот пејач Рики Мартин тајно се венчал со својот партнер, сликарот Џован Јосеф. Веста за венчавката парот ја соопшти на црвениот тепих пред премиерата на ТВ серијата „Убиството на Џани Версаче“ во Лос Анџелес.
Рики Мартин ја игра улогата на Дамик, долгогодишен љубовник на славниот креатор, во телевизиската серија.
– Чувството е прекрасно. Не можам да го опишам како вереник. Тој е мој сопртуг, мој човек. Наскоро ќе организираме и тридневно славје, вечера, повторна церемонија, забава и опоравување, рече Мартин, кој со Џован е во врска од 2016. година, кога се верија.