Во Музејот на Македонија вечерва во рамки на Моден викенд Скопје 2015 ќе бидат прикажани ревиите на „Кигили“, Митко Занов, Ирина Тошева и Роберт Ивановски.
Скопската публика вчера можеше да ги проследи ревиите на Јована Филиповиќ , Елена Спасовска и Венера Мустафа од Косово,
Есенскиот Моден викенд Скопје, кој се одржува под мотото „Мода и културно наследство“, ќе биде затворен утревечер со ревиите на рускиот бренд N by Z, на Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева во Музејот на Македонија.