Непознати напаѓачи го застрелале шетачот на кучињата на поп ѕведата Лејди Гага, Рајан Фишер, а кучињата ги украле, јавија американските медиуми.
Фишер го преживеал нападот и се наоѓа на интензивна нега во критична состојба, а пејачката понуди награда од половина милион долари за информации кои ќе ѝ помогнат да ги врати двете украдени миленичиња.
Фишер ги шетал кучињата, француски булдози, затоа што Лејди Гага во моментов е во Италија, изјавил неименуван извор, кој додал дека пејачката била многу вознемирена.
Полицијата, врз основа на искази на сведоци, соопшти дека осомничени се двајца афроамериканци во автомобил БМВ, а се претпоставува дека тие сакаат да ги препродадат.