А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Магазин

Раперот Шон Комбс „Диди“ осуден на четири години и два месеци затвор

by А1он04/10/2025 - 09:12355
Share0

Музичкиот могул и рапер Шон Комбс „Диди“ беше осуден на четири години и два месеци затвор по две обвиненија за транспорт со цел проституција.

Добивај вести на вибер

Судијата Арун Субраманијан го осуди Шон Комбс на 50 месеци затвор и рече дека казната е фер бидејќи ги зема предвид сериозноста на злосторствата на Комбс и олеснителните околности.

Бидејќи ќе му се пресмета времето поминато во притвор, тој ќе биде во затвор 36 месеци – или три години. Судијата, исто така, го казни Комбс со парична казна од 1 милион долари – максималната дозволена сума.

Пред да се изрече пресудата, Комбс им се извини на своите поранешни девојки, пријатели и семејството, нарекувајќи го своето однесување „одвратно, срамно и болно“. Тој рече дека неговите деца „заслужуваат подобро“ и дека како син ја изневери својата мајка.

Порано во постапката за изрекување на пресудата, помошничката на американската обвинителка Кристи Славик му рече на судијата Арун Субраманијан дека „почитувањето на законот од страна на Комбс е само празно ветување“.

Славик рече дека Комбс веќе закажал говори за следната недела, очекувајќи евентуално ослободување од затвор. „Тоа е врвот на ароганцијата“, рече Славик.

„Дури и сега, кога му е изречена пресудата за две федерални кривични дела… тој не разбира целосно како неговите постапки го доведоа тука“, рече таа.

Во моментов не е познато каде Диди ќе ја отслужи својата четиригодишна казна, но она што се знае е дека неговиот правен тим ќе се врати на суд во понеделник за да разговара за случајот.

magazinpaf didi

Би можело да ве интересира

Почина Чак Норис

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 16:00

Кинескиот Нострадамус го предвиде крајот на војната со Иран, глобалниот поредок ќе се промени

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 16:5014/03/2026 - 11:55

ВИДЕО: Синот на Меџик Џонсон откри како реагирал кошаркарот кога му кажал дека сака мажи

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 00:0313/03/2026 - 19:49

Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерка си во Америка, таа повикала полиција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 00:0213/03/2026 - 19:55

Трогателна исповед на младата Ева: Наметнатите комплекси од училиште ја доведоа до анорексија

Предраг Петровиќ05/03/2026 - 19:0305/03/2026 - 21:41

Музичката ѕвезда во центарот на скандал: Осомничен за убиство на 15-годишно девојче

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 00:2027/02/2026 - 19:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен