Радио Бубамара го претстави постерот на овогодишната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработи познатиот цртач на анимации Тхе Мичо од Битола.
Во духот на логото на овогодишната манифестација „За подобар живот“ постерот на 21-та Златна бубамара претставува што се може да направи малку боја во сивилото на македонското општествено секојдневие.
„Бидејќи нема подобар живот, ни подобар воздух, единствено ни простанува подобра забава. Ве чекаме на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“. И колку и да трае, ќе си седите… И ќе се смеете!“, велат од Радио Бубамара.