Новиот спот на јужнокорејскиот музичар Psy за неговиот нов сингл „Gentleman” во момнтов на YouTube има 53 милиони прегледи, за неполни 2 дена од неговото објавување.
Пејачот Psy на концертот што во саботата го одржа во јужнокорејската престолнина Сеул го претстави својот нов танц по „Gangnam Style” со кој стекна светска слава и кој го имитираа и го коментираа светските челници, како генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон и американскиот претседател Барак Обама.
Спотот за таа песна во 2012 година многу придонесе за ненадејниот и секавичен успех на „Gangnam Style” кој претставува пародија на животот и стилот на богаташите од Гангнам, елитен кварт во Сеул.
Тој спот, најгледан во историјата на интернет ресурсот за размена на видео материјали во декември мината година ја надмина границата од милијарда гледања, а до денес има забележано 1,5 милијарди посети.