Првиот од двата дела на новиот албум „Електроника“ (Elecrtonica) на францускиот музичар Жан-Мишел Жар, во соработка со 15 уметници, ќе биде издаден на 16 октомври, соопшти денеска „Сони мјузик“.
– Мојот нов албум е проект заснован на идејата да ги соберам уметници од четирите генерации на електронската сцена, изјави 67-годишниот Жар, кој се прослави со албумот „Oxigene“ од 1976 година.
Првиот дел „Time Machine“ е снимен во соработка со 15 уметници од светот на електорнската музика меѓу кои Французинот Жезафелстајн, Британецот Литл Бутс, групите „Масив атак“ и „Тенџерин дрим“ и америкаснкиот режисер Џон Карпентер.
– Албумот почнав да го снимам поради соработката со некои уметници. Бев пријатно изненаден што тие ја прифатија мојата покана, истакна Жар.
Вториот дел од албумот треба да излезе на пролет 2016 година, а на него ќе соработуваат други 15 уметници.