Прв Скопски цветен фестивал

Од:

Под мотото „Слушни ја бојата“ следниот викенд во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи првиот Скопски цветен фестивал. Почетокот е в сабота, во 10 часот со цветно дефиле на околу 500 деца од градинките, кои ќе се движат од плоштадот „Македонија“ кон Градскиот парк. Заедно со нив ќе се движат пајтонот и вовчето, украсени со цвеќе.

Официјалното отворање на фестивалот е во 12 часот, спроти „Паркот за миленици“, во вториот дел од Градскиот парк.

Организатор е ЈП „Паркови и зеленило“, а генерален покровител Град Скопје кој издвои околу 1,2 милиони денари.

– Целта на оваа манифестација е да се промовира одгледувањето цвеќе. Младите да научат повеќе за цвеќето, а Скопје да го добие епитетот цветен град, рече на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Коце Трајановски и додаде дека идејата е од еден цветен фестивал во Талин.

SCF-FLYER-FINAL-FOR-WEB-(ARTEFAKT)

Фестивалот ќе има три дела. Во првиот дел ќе има креативни работилници, каде граѓаните ќе учат како правилно да садат цвеќе, да прават цветни аранжмани, да изработуваат цветни оригами… Во вториот дел ќе има промоција на фирми и институции кои одгледуваат цвеќе, како ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет-Скопје, СУГС „Ѓорѓи Димитров“, Греен планет, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Биропроект, Китка Плант фарма и други. Во овој дел ќе се изведуваат мини градини, а граѓаните ќе можат да купат цвеќе по намалени цени. Сезонското цвеќе ќе чини 25 денари. Во третата зона ќе има забава и еко-пикник. Граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат јога, аеробик и зумба на отворено и да слушаат музика.

Годинава на фестивалот нема да има жири и избор на најубава градина. За тоа ќе се размислува за следното издание.

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ истакна дека се планира фестивалот да прерасне во традиционален и меѓународен. Ги повика скопјани да го посетат.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски