Најразлични органски производи ќе бидат понудени на Првиот органскиот базар, што ќе се одржува секој четврток во Скопје Сити Мол.
Базарот ќе трае во тек на цела година. Организатор е Скопје Сити Мол, во соработка со програмата ИМЕ спроведувана од „Свисконтакт“ и Швајцарската агенција за развој и соработка, а со поддршка од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Базарот ќе биде место за споделување нова позитивна енергија, вкрстување патишта на сите поборници за здрав живот, со богата понуда исклучиво на органски производи, соопшти организаторот.