Филмовите „A Million Ways To Die In The West“, „Transformers: Age Of Extinction“, „Sex Tape“ и „The Interview“ ќе се борат за наградата „Златна малина“ за 2014 година, која се доделува за најлош филм, судејќи според информациите кои протекоа во јавноста.
Филмот „Transformers: Age Of Extincition“ се наоѓа на врвот на листата, пишуваат американските медиуми, и има дури девет номинации, меѓу кои и за најлош филм, најлош режисер, најлошо продолжение, најлошо сценарио, најлоша споредна актерка и најлош спореден актер.
По „Transformers“ следи филмот „ A million ways to die in the west“, а Шарлиз Терон која игра во него, номинирана е за најлоша актерка.
Камерон Дијаз номинирана е за најлоша актерка за улогите во дури два филма „Sex Tape“ и „The Other Woman“, како и за споредна улога во филмот „Annie“.
Официјалните номинации за Златна малина ќе бидат објавени на 14 јануари 2015 година.