Американскиот актер Алек Болдвин се наоѓа во скандал поради тепачка на паркинг во Њујорк. По инцидентот, тој беше уапсен, но ја негирал вината.
Болдвин се степал по расправија за паркинг место, во близина на неговата куќа во Њујорк. По физичката пресметка, реагирала полицијата и ја привела американската ѕвезда.
Во станица поминал 2 часа, а во официјалната изјава рекол дека не го удрил мажот поради паркинг место. Сепак, против него има обвинение за напад и закана, па ќе мора на 26 ноември да се појави на суд.
– Не би коментирал нешто како оваа приказна, но тврдењето дека би удрил некој поради паркинг место е лажно. Би сакал луѓето да го знаат тоа. Знам дека постои тренд на жирење на лажни вести поради забава и кликови на интернет, напиша Болдвин на Твитер.
Според медиумите, до инцидентот дошло откако непознат маж се паркирал на место кое што го чувал некој од фамилијата на Болдвин. Откако возачот на автомобилот и Болдвин се скарале, Алек наводно го удрил. Повредениот маж бил превезен во болница и се жалел на главоболка.
Ова не е прв пат актерот да заврши во полициска станица поради насилно однесување. Пред пет години исто така поради физичка пресметка бил во полиција, како и во 2014. година кога бил уапсен за нарушување на јавниот ред и мир.