Пронајдени две украдени слики од Реноар вредни 9 милиони евра – уапсени шестмина осомничени

Од:

Две слики од францускиот сликар Пјер-Огист Реноар, украдени минатиот месец од музеј во јужна Франција се пронајдени, а уапсени се шест лица, соопштија вчера локалните власти во Кан-сир-Мер, каде што се наоѓа музејот.

Градоначалникот Брајан Мејсон изјави дека „овие две слики се многу повеќе од уметнички дела“.

„Тие се дел од историјата на нашиот град, од нашето културно наследство и од она што Огист Реноар му го остави на Кан-сир-Мер.

Нивното пронаоѓање претставува огромно олеснување за жителите на ова место и за сите оние на кои им е важен нашиот музеј“.

Станува збор за сликите „Портрет на Мадам Колона Романо“ од 1910 година и „Девојка покрај бунар“ (Jeune fille au puits) од 1886 година, чија вредност се проценува на 9 милиони евра, односно 10,5 милиони долари.

Во врска со кражбата се уапсени шестмина осомничени, пишува „Артњуз“.

Во септември крадци украдоа четири слики од францускиот импресионист, но на местото на злосторството оставија две други дела – „Портрет на Мадам Пишон“ од 1895 година и „Коко Лизан“ (Coco Lisant) од 1905 година.

„Нападот врз музејот на Реноар е напад врз дел од историјата и наследството на Кан-сир-Мер“, изјави тогаш Мејсон.

Тој додаде дека крадците употребиле „електричен нож“ или „пила за метал“ за да ги пресечат завртките на кои биле закачени сликите.

Пред грабежот, музејот во својата колекција поседувал 12 слики од Реноар.

Инаку, музејот се наоѓа во некогашниот дом на славниот уметник, каде што се изложени неговите слики, скулптури и мебел.

Би можело да ве интересира

Татко и ќерка со години мамеле галерии со лажни дела на Пикасо и Бенкси

Украдените коњи од Илинденски марш се пронајдени во Кавадарци

Горан Наумовски

Претреси во Скопје, пронајдена дрога и украдени предмети, приведени две лица