Лудвик Маришане, 22-годишен студент на Универзитетот во Кејп Таун, измислил производ наречен „DryBath“ кој всушност е еден вид гел што се нанесува на кожата и делува како вода и сапун.
Со својот пронајдок тој ја освоил и годишната награда за иновација која може да најде своја примена во Африка и други неразвиени делови од светот каде што преовладуваат ниски стандарди за хигиена.
Иновацијата може да биде корисна и за милиони луѓе кои немаат пристап до вода.
Лудвик објасни дека идејата за овој изум му дошла кога еден негов пријател му рекол дека не може да се истушира бидејќи нема топла вода. Тоа бил неговиот „еурека“ момент.