Промоција на монографија за сликарот Омер Калеши во Париз

Од:

Во Арт центарот на Амбасадата на Турција во Париз вечер  ќе биде промовирана монографија за сликарот Омер Калеши од авторот Јордан Плевнеш.

Публикацијата е во чест на 80 години живот и  50 години уметничка дејност на  балканскиот сликар со македонско потекло, кој живее и работи во Париз. Објавена е билингвално, на француски и на турски јазик.

Во монографијата Плевнеш го вбројува Омер Калеши  на врвот на интернационалното сликарство, низ иконографијата на неговата сликарска палета, која ги обединува балканските цивилизации со европската и светската историја.

На промоцијата се поканети да присуствуваат голем број претставници на француската и европската културна и дипломатска елита.

Омер Келеши е роден во кичевското село Србица во 1932. Се школувал во Скопје, а во 1956 емигрирал во Турција и во Истанбул ги завршил студиите на Ликовната академија. Потоа се преселил во Париз каде што  живее и твори над 30 години.

Во септември годинава беше официјализирана донација на две дела од Калеши за колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ