ВИДЕО: „Прометеј” – Филм на годината?

Од:

Од 8 јуни во киното Милениум се емитува новиот филм на Ридли Скот, „Прометеј“, филм кој ни го прикажува почетокот на приказната која ја започна во 1979, Вонземјанин, вонземското чудовиште кое е на воена патека со човекот.

Секогаш со силно женско присуство во сите остварувања на Вонземјанин па така и во ова Наоми Рапаче и Шарлиз Терон ке го бранат човештвото. Ова 3Д доживување ќе го надополнат и моментно „најжешката“ филмска ѕвезда Мајкл Фасбендер, како и Гај Пиерс, Логан Маршал-Грин, и многу други кои го прават овој филм претендент за филм на годината.

Кратка содржина: Некаде во вселената, еден тим на истражувачи се на прагот на откривање на потеклото на човештвото.

Целиот екипаж на вселенскиот брод ПРОМЕТЕЈ мора да се бори против непознат непријател не само за себе туку и за да ја спасат иднината на човечката раса. Во потрага по почетокот, може да го најдат крајот.

 

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ