Професорот по математика и физика во „Милионер“ заврши со 150 евра, не знаеше прашање за Чернобил

Од:

Антун Бубњар, професор по математика и физика во Хрватска, беше учесник во последната епизода од квизот „Кој сака да биде милионер?“, а на падна на прашањето за Чернобил.

Антун се појави и во претходната емисија каде точно одговори на првите пет прашања, па играта ја започна во продолжението со освоените 150 евра и сите три џокери на располагање.

Меѓутоа, овој професор по физика го запре осмото прашање за катастрофата во Чернобил, а 51-годишниот натпреварувач не беше сигурен за бојата на боровата шума околу Чернобил.

Прашањето беше: „Каква боја доби боровата шума во близина на Чернобил, денес богата со животински свет и покрај радијацијата, по несреќата?“.

Меѓу понудените одговори беа наведени следните опции: а) бела, б) жолта, в) црна и г) црвена.

Повика на помош пријател со кој го сподели своето мислење за одговорот (бела), ​​но реши да го искористи и џокерот пола-пола. Одговорот беше погрешен, меѓу жолта и црвена се одлучи за погрешен одговор и ја напушти играта со 150 евра.

Точниот одговор беше под г) црвена.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ