Продолжен рокот за пријавување за „Новогодишните бои на Скопје“

Од:

До 27. декември се продолжува рокот за учество на традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, информира денеска Град Скопје.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти кои сакаат да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297-265, од 9 до 16 часот, од 7 до 27 декември 2015 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да ги испраќаат на интернет-адресата [email protected] или на адреса: булевар „Илинден“ бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

Град Скопје и годинава, традиционално избира најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно) и најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија која ќе биде составена од претставници на медиумите.

Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10.000 денари, што ќе им бидат доделени на првонаградените од трите категории. ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија за декември 2015 година.

Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски со претставници од ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ