Проблеми со пристапот до Фејсбук и Инстаграм

Од:

Популарните социјални мрежни Фејсбук и Инстаграм од изутринава имаат проблеми со работата, така што корисниците од целиот свет немаат пристап до своите профили.

Најмногу се засегнати корисниците во САД, Азија и Австралија.

Фејсбук, како и Инстаграм кој е во негова сопственост, немаат само проблеми со верзиите, кои се наменети за персоналните компјутери, туку овие социјални мрежи се недостапни и за корисниците преку апликациите за таблети и за смартфони.

Доколку се обидат да ги отворат апликациите корисниците ќе можат да видат само постари податоци, додека вчитувањето на новите актуелности е оневозможено.

Во меѓувреме конкурентскиот Твитер успешно работи.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски