Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на воениот дел на аеродромот „Александар Велики“ денеска ќе се одржи традиционалната предновогодишна манифестација „Пристигање на Дедо Мраз со хеликоптер и поделба на пакетчиња“.
Од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ информираат дека манифестацијата ќе почне во 11 часот, кога хеликоптерот со Дедо Мраз ќе прелета над хангарите на аеродромот, а потоа ќе слета за тој да им подари пакетчиња на децата.