Принцот Вилијам ја откри здравствената состојба на Кејт Мидлтон

Од:

Британскиот принц Вилијам денеска изјави дека неговата сопруга, принцезата Кејт е „добро“, негов редок јавен коментар откако принцезата од Велс беше на превентивна хемотерапија откако и беше дијагностициран рак.

На прашањето како се чувствува неговата сопруга, принцот Вилијам, за време на посетата на државната болница во Корнвол во југозападна Англија, одговори:

„Таа е добро, благодарам“.

Престолонаследникот, кој е и војвода од Корнвол, е во дводневна посета на регионот каде го посети местото на новиот проект за бездомништво и ја посети локалната болница, објави Ројтерс.

Принцот Вилијам разговараше со пристанишните оператори и деловни луѓе на островот Сент Мери за нивните подготовки за летната туристичка сезона.

Кејт во март објави дека е на третман откако и беше дијагностициран рак по абдоминалната операција во јануари.

Би можело да ве интересира

Кејт Мидлтон откри дека е во ремисија на ракот

Горан Наумовски

Принцот и принцезата од Велс нема да присуствуваат на предбожиќниот ручек во Бакингемската палата

Кејт Мидлтон им се враќа на обврските – го дочека катарскиот емир и неговата сопруга

А1он

Кејт Мидлтон испрати божиќно писмо – „Љубовта е најголемиот подарок“

А1он

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он