Принцот и принцезата од Велс денеска нема да му се придружат на британското кралско семејство на традиционалниот предбожиќен ручек во Бакингемската палата.
Принцот Вилијам и принцезата Кејт веќе се во Норфолк како што е планирано и со нетрпение очекуваат да поминат време со остатокот од кралското семејство во Сандрингам за Божиќ, изјави кралски извор, пренесе Скај њуз.
Ручекот во Бакингемската палата е приватен настан за постарите членови на кралското семејство и нивното пошироко семејство кои нема да присуствуваат на божиќните прослави во кралскиот дом во Норфолк.