На фрекфенциите на Метрополис радио вечер во 22 часот премиерно ќе биде емитувана радиодрамата „Случајно“, втора од циклусот радиодрами со кои независниот театар „Theatra“ ја почна својата нова сезона и го промовира проектот „Секаде театар“.
Идејата на проектот е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот.
Автор на „Случајно“ е Дарко Лешески. „Случајно“ е љубовна приказна составена од негови поеми. Драматизацијата ја направија Билјана Радиноска и Сашо Димоски. Читаат Васил Зафричев и Марија Зафирова.