Премиера на „Метастаза“ во режија на Војо Цветановски

Од:

Вечерва во 21 часот во Универзалната сала во Скопје, премиера на „Метастаза“, театарска претстава според пиесата „Eнигматски Варијации“ на Е.Е.Шмит.

Режијата е на Војо Цветановски, а во претставата играат актерите Златко Митрески и Дарко Вељиќ.

[nggallery id=37]

Приказна од крв и месо за крвта и месото…

Кога сенките пополека – постепено, стануваат облик на жив човек и наеднаш ги снемува.

Кога светлината постепено заминува во правец непознат за нас и ние тргнуваме да ја следиме.

Кога телото лежи, а делува како да лебди.

МЕТАСТАЗА е дел од сите и дел за сите нас. На работ на еден театар, кој виси во воздух и го чека своето заминување. Обликувањето на сам себе во нешто што не ни помислуваш дека можеш да бидеш, судрувајки се со реализмот, кој од секаде погледнато пречи. Затоа решивме да се занимаваме со театар. Затоа решивме да не излеземе од театарот. Затоа се опорочивме. Затоа се казнивме. Затоа метастазираме.

МЕТАСТАЗА е посветена на сите оние кои метастазираат во театарот. (Оние кои не се, сами ќе се препознаат).

 

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ