Предлози за активен зимски одмор

Од:

Со доволно пари секој може да биде посебно креативен во изборот на одмор во зимскиот период.

Ви ги претставуваме патувањата на кои ќе посакате да заминете доколку сакате активни, а креативни одмори.

Шведска – Хотел од мраз

Во Шведската покраина Лапланд е изграден 23-от хотел од мраз што се наоѓа на 17 километри од Кирун. Целото здание е направено од мраз, додека креветите се покриени со душеци од кожата на ирвас. Но, за да можете во него да преноќите, потребно е да имате вреќи за спиење кои ќе ве греат во токот на ноќта. Хотелот има и смрзнат бар, па дури и смрзната црква за венчавки.

Салцбург – Божик и прослава на раѓањето на Амадеус

Салцбург има посебен „шмек“ по Божик. А во него има уште една причина да го посетите во доцна зима- прославата на раѓањето на Волфанг Амадеус Моцарт. Секоја година во неделата на неговиот роденден овој австриски град е домаќин на музичкиот фестивал што му е посветен на овој гениј.

Исланд – зимски кајтинг

Во Мидгард, на Исланд, во понудата се опишува посебна зимска идила. Снежниот кајтинг е токму тоа што сте помислиле – скијачи на кајт, како оној воден, но и скијање на снег.

Шкотска – зимски тренинг за преживување во дивина

Во Сасекс, во Шкотска, Канада и Шведска постојат курсеви за преживување на температури од -50°Ц. Атмосферата ја надполнуваат ирваси, волци и мечки. Таму заинстересираните учат за ловење риба во мраз, правење скривалиште за преживување во текот на зимата, палење оган на ладното време и слично.

Хаваи – Скијање на вулкан

Маун Кеа е вулкан и се  наоѓа на хавајскиот остров. Аранжманот нуди скијање на овој необичен вулкан, додека скијањето и сноубордингот се спроведуваат на личен ризик, со оглед на фактот дека падините не се одржуваат.

Либан – скијање на планина

Моžете да јадете мезе и да пиете арак на падините на планината Мзар, која се наоѓа на еден час возење од Бејрут. Ова одмаралиште има 15 патеки, штосе простираат на 80 километри.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ