Позата во која спиете со партнерот открива нешто за вашата врскa

Од:

Спиете ли залепено до партнерот или секој е на својот крај од креветот? Начинот на кој спиете може да открие нешто за вашата врска, она што го чувствувате и како се сложувате еден со друг. Еднакво како што сонот ја обновува енергијата на нашето тело така и спиењето може да ја ревитализира врската.

 

Некои научници веруваат дека позите во кои двојките спијат говорат за квалитетот на врската. Но не очајувајте ако откриете дека положбата во која спиете има негативно значење бидејќи сепак не постои „правилна” или „погрешна” позиција.

Положба лажичка

Типична е за првите неколку години од врската или бракот, но и за традиционалистите. Личноста која во оваа положба спие од надворешната страна вообичаено е заштитнички расположена. Меѓусебната блискост влева сигурност, но има и своја еротска компонента. Исто така, се верува дека таа поза ја зголемува интимноста и го намалува стресот.

Често се случува по неколку години двојката да ја заземе положбата на „отпуштени” лажички. Иако се уште спијат во иста положба, меѓу нивните тела има мала празнина. Но таа празнина се компензира со допири на рацете, колената или стапалата, што потврдува дека чувството на близина е се уште присутно.

Различни страни

Положбата во која секој е свртен на своја страна без никаков телесен контакт праќа комбинација од позитивни и негативни сигнали. Може да значи дека во врската постојат големи тензии и е потсвесен знак дека пополека се оддалечувате еден од друг, а може да значи дека едноставно двајцата сте премногу самостојни за да функционирате како двојка. Доколку таа самостојност им одговара и на едниот и на другиот, тогаш се е во ред се додека секоја вечер топло си посакате лека ноќ и не се свртите секој на своја страна.

Оддалеченоста во креветот сепак не мора нужно да има негативни конотации, па може да значи дека практично размислувате и дека сакате да спиете на мир без непотребно задушување.

Кралска прегратка

Положбата во која мажот спие на грб, а главата на жената е потпрена на неговото рамо зборува дека мажот е емотивно посилен, а жената е позависната личност во врската.

Зен-стил

Положбата во која двојката лежи свртена со грбовите, а задниците им се допираат е најчест кај двојките во стабилна врска.

Поврзани и во мислите

Ако двата партнера спијат на страна свртени еден кон друг и притоа допирајќи се со едната нога, тоа значи дека се работи за енергична двојка која ужива во тоа што е преокупирана со бројни работи. Вистина, можеби не минуваат доволно квалитетно време заедно, барем не онолку колку би сакале, но затоа ретките заеднички моменти им се послатки.

Може да упатува и на желба за самостојност, но со оглед дека задниците им се допираат тоа значи дека двајцата се уште се цврсто поврзани,сексуално и сензуално.

Прегратка

Положбата во која двојката спие прегрната со испреплетени нозе и со ерогени зони кои се допираат открива дека во таа врска има многу страст и сензуалност. Тоа е најпопуларна поза за двојките кои само што се запознале или венчале. Секој дел од телото е во контакт со телото на партнерот, што претставува потсвесна желба да му бидете што е можно поблиску, но мора да се признае дека тоа дефинитивно не е најудобен избор. Некои двојки и по неколку години врска се враќаат во таа поза, а во тој случај оној што ја иницира ја открива својата голема зависност од партнерот.

 

Би можело да ве интересира

Сексот после корона е опасен, треба да се апстинира еден месец

За среќна врска доволно е еднаш неделно да водите љубов

Емир Латифовиќ

Еве што жените највеќе кријат од мажите

Емир Латифовиќ

Мажите помислуваат на секс 19 пати на ден

Ана Ололовска

Пет женски ситници кои ќе уплашат секој маж

Емир Латифовиќ

Пет работи кои мажите не им ги кажуваат на жените

Емир Латифовиќ