Повеќе луѓе би можеле да бидат обвинети за смртта на Метју Пери

Од:

Актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, почина како последица на употреба на кетамин.

Но, тоа не било препишано од лекар, а се води истрага кој го снабдувал Метју со кетамин во фатални дози.

Оние кои на актерот му го продале фаталниот кетамин може да добијат затвор до четири години, изјави адвокатот Тре Ловел за The Sun.

Кога Метју го пронашле во кадата, тој веќе бил мртов, а според обдукцијата смртта била предизвикана од лекот кетамин и давење. Во моментот на смртта, тој имал исто ниво на кетамин во телото како пациент под анестезија.

Актерот отворено проговорил за својата зависност, а споменатиот кетамин го добил и за медицински цели. Одел на терапии кои му помогнале да се избори со депресијата, а лекот го добил легално од лекар.

Последен пат бил на овие терапии повеќе од седум дена пред смртта, а овој вид на дрога го напушта телото неколку часа по консумирањето. Полициската управа во Лос Анџелес истражува од кого актерот ја добил дрогата која на крајот му пресуди. Иако се верува дека неговата смрт се должи на комбинација на несреќни околности, обвиненија сепак ќе бидат покренати.

Извори од полицијата навеле дека истрагата е при крај, и дека може да бидат обвинети повеќе лица, пренесува магазинот People.

Би можело да ве интересира

Омилениот Џои од „Пријатели“ снимен во јавност после долго време, актерот тешко се препознава

Предраг Петровиќ

Еден од обвинетите за смртта на Метју Пери се изјасни за виновен

Уште една славна личност вмешана во смртта на Метју Пери: „Тие беа движечки аптеки“

Предраг Петровиќ

Повеќе луѓе вмешани во смртта на Метју Пери?

Предраг Петровиќ

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја „посетува“ дури и по смртта: Чувствувам дека е тука

Предраг Петровиќ

Откриена е причината за смртта на актерот Метју Пери

Горан Наумовски