Потоната јахтата на која принцезата Дијана го помина своето последно лето

Од:

Познатата јахта, на која принцезата Дијана и Доди Ал Фаед летуваа пред трагично да загинат во август 1997 година, потона во Средоземното Море.

Јахтата долга 25 метри, по име Куџо, потона по судир со неидентификуван предмет.

Во моментот на несреќата на јахтата која била омилена меѓу холивудските ѕвезди имало седум лица. Спасувачите ги однеле сите на безбедно.

Според медиумите Куџо потонал на длабочина од околу 2.500 метри.

„Бродот тонеше поради навлегување вода. Бродовите за спасување беа испратени од Антиб, а пристанишните службеници открија значителен доток на вода на предниот дел на јахтата“, рече официјалниот претставник.

Би можело да ве интересира

Фустан на принцезата Дијана продаден за над милион долари

Зошто принцезата Дијана заврши во затвор: Сара Фергусон ја откри вистината по 37 години

Предраг Петровиќ

Тајниот тестамент на принцезата Дијана

Горан Наумовски